Драгиќ го доби дуелот со Дончиќ, Мајами излезе на чело на Југоисточната дивизија во НБА

Мајами излезе на чело Југоисточната дивизија во НБА лигата по победата над Далас со 105:99. Горан Драгиќ го запиша вториот „трипл-дабл“ во кариерата по 23 поени, 12 скокови и 11 асистенции, а Двејн Вејд одигра клучна улога за победата на Мајами, откако ја одзеде топката и постигна кош во завршните секунди од натпреварот.
Драгиќ го освои дуелот со Лука Дончиќ меѓу единствените двајца Словенци во НБА во моментов. Дончиќ заврши со 19 поени за Далас. Победата е 37-ма за Мајами во сезоната и беше доволна тимот да го смени Орландо од лидерската позиција во Југоисточната дивизија.
Хјустон пак го победи Денвер со 112:85 во дербито на Западна конференција. Џејмс Харден постигна 38 поени, а Клинт Капела запиша „дабл-дабл“ уште во првото полувреме со 13 поени и 11 скока, а натпреварот го заврши со 17 поени и 15 скока. Џамал Мареј постигна 20 поени за Денвер.
Поразот го остави Денвер на втората позиција на Западот во регуларната сезона во спорот со Голден Стејт.
Резултати од НБА
Филаделфија – Бруклин 123: 110
Мајами – Далас 105: 99
Њујорк – Торонто 92: 117
Хјустон – Денвер 112: 85
Милвоки – Лос Анџелес Клиперс 128: 118
Њу Орлеанс – Сакраменто 121: 118
Сан Антонио – Кливленд 116: 110
Пласман по дивизии:
Источна конференција:
Атлантик дивизија: Торонто 53 победи / 23 порази, Филаделфија 48/27, Бостон 44/31
Централна дивизија: Милвоки 57/19, Индијана 45/30, Детроит 38/37
Југоисточна дивизија: Мајами 37/38, Орландо 37/39, Шарлот 35/39
Западна конференција:
Северозападна дивизија: Денвер 50/24, Портланд 47/27, Јута 45/30
Пацифик дивизија: Голден Стејт 51/23, Лос Анџелес Клиперс 45/31, Сакраменто 37/38
Југозападна дивизија: Хјустон 48/28, Сан Антонио 44/32, Њу Орлеанс 32/45.
Ново на Сител
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
-

Во Франција за неколку дена регистрирани околу 1.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното, соопштија властите
-

Во Франција за десет дена се удавиле 74 луѓе
-

СП 2026: Меси најдобар по групната фаза
-

Приведен маж од скопско поради сомнение за сторено убиство, во врска со случајот приведени се уште три лица
-

Приведени двајца возачи затоа што возеле во спротивен правец на патот Гостивар-Тетово
