Француските војници добија право да пукаат врз учесниците на протестот на „жолтите елеци“

Францускиот генерал Бруно Лере, денеска изјави дека припадниците на Армијата на Франција, кои утре ќе ги обезбедуваат јавните згради за време на 19-та сабота по ред на протести на „жолтите елеци“, ќе имаат право да отворат оган врз демонстрантите, доколку бидат загрозени нивните или животите на лицата кои ги штитат, јави дописникот на МИА.
Портпаролот на француската Влада Бенжамен Гриво во средата соопшти дека утре за време на протестите, пред значајните објекти во Париз ќе бидат распоредени војници, кои нема да го одржуваат редот и нема да бидат во контакт со демонстрантите.
Во интервју за Франс Инфо, генерал Лере изјави дека „упатствата на војниците се ригорозни” и дека правната рамка во која тие работат не е иста како онаа на внатрешните безбедносни сили.
– Тие имаат различни начини на дејствување за да се справат со секоја закана, изјави Лере, додавајќи дека војниците „можат да отворат оган, ако бидат загрозени нивните или животите на луѓето кои ги штитат“. Тој, сепак, додаде дека војниците се обврзани да дадат „предупредување“ дека ќе пукаат.
По терористичките нападите во Франција во јануари 2015 година, се ангажирани околу 10.000 војници, вклучувајќи и 3.000 резервисти, кои немаат задача за одржување на редот, туку ги штитат верските објекти во земјата и места кои се изложени на зголемен терористички ризик или каде има многу посетители.
Ново на Сител
-

Преку отворен прозор ја фатил својата мајка и со возилото ја влечел 20 метри, приведен 24 годишник
-

Мицкоски: Утре се очекува соопштение дека водата во Гостивар е технички исправна
-

Трагедија: 16 годишно момче почина откако ја изгубило свеста
-

Мицкоски: И понатаму ќе продолжиме да бидеме држава со најниска цена на бензините и на дизел горивото
-

Мицкоски: Македонија не е меѓу земјите со дополнителни американски царини, но тоа не значи дека тргува без царини
-

Мицкоски: Средствата позајмени од МНАВ, МЕПСО и Лотарија ќе се користат за отплата на кредит
-

Клучката кај Момин Поток ќе биде завршена до Нова година
-

Променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и силен ветер се очекува утре
