За четири години „изградил“ црква од дрвја

Новозеланѓанецот Брајан Кокс пред четири години одлучил да изгради црква целосно од живи дрвја. За таа цел собрал разни видови дрвја и создал жива градина.
Брајан пред четири години сакал својот двор да го разубави со нешто оригинално и за таа цел почнал да одгледува дрвја со кои направил црква.
Новозеланѓанецот поседува градинарска компанија „Трилокејшн“, што нуди услуги за преместување дрвја од едно на друго место со помош на современа механизација. Тоа му помогнало да засади веќе пораснато дрво на која локација сака.
Брајан во 2011 година започнал со средување на областа, а потоа ги изработил нацртот и железната конструкција што дрвјата треба да ја следат со својот раст. Изградбата на зелена црква траела четири години, но сега таа изгледа прекрасно.


Ново на Сител
-

Од училници до дипломатија – Како Кина ги гради врските со Македонија
-

Убиство во Скопје: Ќерка ја пронашла мајка си мртва во семејната куќа
-

Kривична за намерно предизвикување стечај
-

Усвоени измените на Законот за јавни набавки
-

Со македонски пасош олеснето може да се патyва во 114 држави во светот
-

Играј online: Лото 7 и Џокер на Државна лотарија
-

Инстант лоз „Златна треска“ на Државна лотарија
-

Ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо од дивеч пронајдени при претрес во Кавадарци | ФОТО
