ФФМ: Делегатите утре ќе одлучат за изборот на нов претседател

По одржаната прес конференција на Агенцијата за млади и спорт и директорот Дарко Каевски со реакција се јави и ФФМ:
„Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се чувствува повикана да реагира по повод одржаната прес – конференција во Агенцијата за млади и спорт (АМС) од страна на директорот на управниот орган за млади и спорт, г-динот Дарко Каевски.
Фудбалската федерација на Македонија ги почитува и поздравува напорите, сугестиите, па дури и одредени предлози од страна на Агенцијата за млади и спорт во однос на евентуалната потреба за измени и дополнувања на Статутот на Фудбалската федерација на Македонија, а во насока на усогласување на Статутот на ФФМ со Законот за спорт.
Напоменуваме дека решението со кое се утврдени недостатоци, односно неусогласеност на Статутот на ФФМ со Законот за спорт не е конечно поради што до конечност на таквото решение не може да се пристапи кон спроведување на решението.
Без да ја претпоставуваме, односно да ја прејудицираме одлука на второстепената комисија која одлучува по поднесената жалба од страна на ФФМ против ваквото решение, ја известуваме јавноста дека во зависност од исходот на таа постапка ќе постапуваме во согласнот со одлуката која ќе биде конечна.
Доколку се потврдат наодите на првостепеното решение, како Фудбалска федерација на Македонија ве уверуваме дека веднаш ќе побараме формирање на комисија со претставници од УЕФА, ФИФА и Агенцијата за млади и спорт која ќе има обврска да направи потребни измени и дополнувања на Статутот на ФФМ за истиот да биде целосно во согласност со евентуално таквата конечна одлука на второстепената комисија.
Во однос на регуларноста на утрешното Редовно Генерално Собрание на ФФМ истакнуваме дека во целост е организирано во согласност со одредбите на Статутот на ФФМ. Изборот на претседател на Фудбалската федерација на Македонија е исто така во согласност со Статутот на ФФМ. Во текот на утрешниот ден, делегатите на Собранието на ФФМ кои ќе одлучуваат за идниот претседател на ФФМ се избрани во согласност со Статутот на ФФМ. Токму овие делегати се луѓето кои во идина, доколку има потреба ќе одлучуваат за евентуалните статутарни промени.
Барањето за измена на Статутот на утрешното Собрание во овој момент, на ден пред одржување на Собрание формално – правно е невозможно.
Конечно, како што детално е објаснето и во жалбата на решението, постоечкиот Статут на ФФМ е УСОГЛАСЕН со одредбите на Статутите на УЕФА и ФИФА, како и со одредбите на Законот за спорт и сите останати позитивни прописи во државата.
Напоменуваме дека начинот на претставување на фудбалските клубови и други фудбалски чинители потекнуваат од самото основање на Фудбалски сојуз на Македонија. Поради комплексната структура на фудбалската организација, клубовите се претставени преку Општинските фудбалски Сојузи кои се посебни правни лица. Општинските фудбалски Сојузи како такви имаат утврдени надлежности во фубалската организација.
На крајот, ја поздравуваме ангажираноста на директорот на Агенцијата за млади и спорт и сметаме дека целта која ја имаме е заедничка. Фудбалската федерација на Македонија како управувачко фудбалско тело во државата ќе продолжи да постапува во согласност со одредбите на Статутите на УЕФА, ФИФА, Законот за спорт и останатите позитивни законски прописи во државата.“, се вели во соопштението на ФФМ.
Ново на Сител
-

Меморандум за претставување на Скопје како европски културен центар во 2028 година
-

Доживотен затвор за братоубиство од користољубие во Кавадарци
-

Брнабиќ: Зад Србија останува неверојатно тешка година, се надевам дека 2026 година ќе биде понормална
-

Фатон Љури осуден на 11 години затвор за прегазување на пешак на кејот на Вардар
-

Горивата поскапуваат за половина денар
-

ДИК го усвои конечниот извештај за Локалните избори 2025, одлуки и за подготовка на повторените локални избори во четири општини
-

Мајка ја однела ќерката во „Пулс“, нејзиниот малолетен син се спасил бидејќи полицијата го избркала надвор
-

Алиу: До мај ќе имаме нов паркинг на Клиничкиот центар со „смарт“ инфраструктура и катна гаража
