Притвор за сопственикот и за раководителот на „Дурмо турс“
Судија на претходна постапка вечерва му одреди притвор на сопственикот на „Дурмо турс“, како првоосомничен за автобуската несреќа кај Ласкарци.
Како што информираат од Кривичниот суд, притвор доби и раководителот на фирмата кој е второосомничен, додека на третоосомничениот, едно од лицата одговорни за технички преглед, му е одредена мерка куќен притвор.
За четвртоосомниченото лице, исто така одговорно во „Дурмо турс“ за технички преглед, се прифатени бараните мерки на претпазливост од ОЈО, а за другите тројца, меѓу кои и возачот, постапката во Судот се уште трае.
Јавниот обвинител од ОЈО – Скопје Сашо Рајчев денеска на прес-конференција рече дека главна причина за несреќата се неисправните сопирачки на автобусот и преголемата брзина со која се движел.
Несреќата кај Ласкарци се случи на 13 февруари кога автобусот на „Дурмо турс“ со 51 патник излета од патот Тетово – Скопје и падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот. Во несреќата загинаа 15 лица, а 39 беа повредени.
Ново на Сител
-
Пијан кривопаланчанец три пати со нож избол 22-годишна девојка во вратот
-
Пронајдена и третата жртва во несреќата во рудникот Велење
-
Бислимовски: Треба да им се помогне на комуналните претпријатија, но и тие треба да ги оптимизираат трошоците
-
Трамп го повика Путин да запре со „бесмислената војна“ во Украина
-
Милановиќ: Хрватска не може да ја заврши војната во Украина, но може да се оддалечи од неа
-
Лазаров: Против Катар повторно да бидеме на високо ниво
-
Тошковски: Со нова донирана опрема МВР ќе ја подобри истрагата на местото на настанот
-
Најмалку 10 мртви во снежна бура на југоистокот на САД