Надал и Федерер се пласираа во четвртфиналето на Индијан Велс
Поранешниот број еден во светскиот тенис, Рафаел Надал продолжува со сигурна игра на првиот за годината турнир од сериите „Мастерс 1000“ во Индијанаполис. Негова жртва беше Србинот Филип Краиновиќ, а средбата меѓу нив траеше околу час и половина.
Во неа Шпанецот победи со 6: 3, 6: 4 и најде место во четвртфиналето. Тој продолжува со страшни перформанси во Калифорнија, откако се уште нема загубено сет, иако не сретна силни ривали на патот досега.
За пласман во полуфиналето во Индијан Велс, Рафа ќе има сериозна пречка оваа година – 12-тиот во шемата, Русинот Карен Хачанов. Тој се справи со Џон Иснер и ја отстрани последната надеж на домаќинот во машкиот дел од турнирот. Како и обично во натпреварите на Американецот, шансите за брејк беа ретки. Единствениот за целот меч дојде во првиот сет и беше за Хачанов, кој го загарантира неговото освојување.
Вториот беше решен по тај-брејк во кој рускиот тенисер беше бескомпромисен.
Роџер Федерер исто така го продолжува својот пат во Индијан Велс. Швајцарецот триумфираше против 22-иот носител, Кајл Едмунд, кој е и првиот рекет на Велика Британија, со 6:1, 6:4.
Во четвртфиналето Швајцарецот ќесе соочи со можеби најголемото и напријатно изненадување на турнирот – Полјакот Хумберт Хуркач. 67-иот во светот забележа уште една изненадувачка победа во Индијан Велс, откако триумфираше на 24-тиот носител, Денис Шаповалов, кој исто така одигра силен турнир.
Двајцата понудија двочасовна битка во која Хуркач излезе како краен победник по 7:6, 2:6, 6:3.
Ново на Сител
-
Укината блокада на трите гранични премини меѓу Косово и Србија
-
Ангелов: Попладневните дождови помогнаа во гаснењето на пожарот во прилепско Мариово
-
Бод за македонската репрезентација од гостувањето во Фарски острови
-
Тројца малолетници лишени од слобода поради физички напад во Градски парк
-
Две лица од Кочани лишени од слобода поради сомнение дека извршиле убиство на нивниот сосед во неговиот дом
-
Средношколец од Скопје се заканувал на вработени во училиштето, оштетил инвентар
-
Николовски: Го поставивме лозаровинарскиот сектор како еден од најприоритетните во делот на поддршката од Владата и државата
-
Мелони и Зеленски разговараа за постигнување праведен мир и обнова