Индискиот премиер на средба со британската кралица Елизабета
Индискиот премиер Нарендра Моди, кој престојува во тридневна посета на Велика Британија, денеска беше примен од кралицата Елизабета Втора.
Претходно, Моди разговараше со својот домаќин, британскиот премиер Дејвид Камерон, а учествуваше и во бизнис дебатата во Даунинг стрит 10 со британски и индиски бизнисмени, околу иднината на економските врски меѓу двете земји.
Во текот на посетата, Велика Британија и Индија се согласија за трговски договор во вредност од девет милијарди фунти.
Камерон изјави дека двете земји имаат потреба од создавањето на едно од водечките глобални партнерства.
Индискиот премиер пак ги опиша односите со Велика Британија како „исклучително значајни“.
Моди зборуваше пред членовите на двата дома на британскиот Парламент, како прв премиер на Индија кој ја имал таа можност од стекнувањето на независноста на оваа голема азиска земја во 1947 година.
Во своето обраќање тој рече дека индиско-британските односи „мора да имаат повиски амбиции“ од досегашните.
Ова е прва посета на Лондон на еден индиски премиер по десет години.
Доцна попладнево, Моди ќе има средба со бројната индиска дијаспора во Велика Британија на лондонскиот стадион Вембли. Организаторите на средбата, која ќе биде исполнета и со многу музика, очекуваат околу 60 илјади луѓе.
Нарендра Моди е лидер на хиндуиситчката Индиската народна партијата (БЈП), која уверливо победи на минатогодишните парламентарни избори. Од 2001 година, па до лани, тој беше прв министер на индиската сојузна држава Гуџарат, која под неговото лидерство стана најразвиена во Индија.
Во тој период беше обвинуван за крвавите немири во државата, во која загинаа околу илјада лица, во најголем број локални муслимани, но тој ги отфрла обвинувањта за негова одговорност.
Во изминатите 18 месеци како премиер на Индија му се приговара за интензивирање на социјалните тензии во државата и за подржување на религиозната нетолеранција, што предизвика неговата посета во Лондон да ја следат демонстранти кои го обвинуваат и за гушење на слободата на изразувањето.
Минатиот месец тој и неговата партија забележија прв неуспех, со поразот на регионалните избори во сојузната држава Бихар.
Ново на Сител
-
Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром
-
Вучиќ повика на објавување на документацијата за Железничката станица во Нови Сад која ја бара Градежниот факултет
-
Фицо: Се подготвува список на луѓе кои ќе бидат протерани од Словачка во врска со обидот за државен удар
-
Со пиштол на дијаболи повредено девојче во скопско училиште
-
Лишени од слобода двајца полициски службеници поради оддавање на службена тајна | ФОТО
-
Да нема преименување на градските улици, Сојуз на борците со отворено писмо до Касами
-
Израел ослободи 70 Палестинци, од предвидените 200
-
Со „паметни часовници“ до автоматски повик на 112 во ЦУК - надоградувањето на системот продолжува со напредокот на технологијата