-->
-->
Изградена фекална канализација во Трештен дол во Крива Паланка
-->

Заврши изградбата на фекална канализација во „Бојанов дол“ во населбата Трештен дол во Крива Паланка.
Канализација е дел од проектот кој опфати изградба на канализациска мрежа во населбата Бојанов Дол и населбите Баглак 1 и Баглак 2, лоцирани на десниот брег на Крива Река, информираат од Одделението за изградба и одржување во општина Крива Паланка.
- Со изградбата на канализацијата решен е долгогодишниот проблем за прифаќање на отпадните води во овој дел од населбата кои правеа проблеми во секојдневното функционирање на населението при надоаѓањето на атмосферските води, ијави Никола Граматиков, раководител на Одделението за изградба и одржување во општина Крива Паланка.
Потенцира дека со каналиациската мрежа се опфатени околу 100 домаќинства.
Изградена е фекална канализација за жителите на улиците „Баглачка“, „Македонска“ и „Ратко Минев“ . Вкупната вредност на проектот е седум милиони денари, средства од Европската банка за обнова и развој и Министерство за транспорт и врски на Република Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

МЗ: Предлог-законот за заштита од пушење не е удар по угостителството, туку заштита на правото на здраво работно место
-

Најмногу снег и најстудено на Попова Шапка
-

Во Белгија прогласен „портокалов аларм“ за опасност од респираторни инфекции
-

Денеска се празнува Собор на Светите Седумдесет aпостоли
-

Азербејџан почна да испорачува природен гас за Германија и Австрија
-

Лазаров: Мораме да извлечеме добри поуки од натпреварот со Данска
-

Меѓународна научна конференција „Охрид- Водици 2026“
-

Зеленски: Русија подготвува нови масовни напади врз Украина
