Таксистите на средба со Заев за решавање на проблемите на легалните такси превозници
Премиерот Зоран Заев денеска прими делегација на Асоцијацијата на легални такси превозници кои на средбата ги изразиле своите очекувања за брзо донесување на законските измени со кои треба да се реши прашањето на нелегалните такси превозници и компании, можностите за целосна фискализација во такси превозот, како и за проширување на можностите за субвенции за електрични возила.
На средбата премиерот Заев, како што соопшти владината прес-служба, истакнал дека прашањата што ги засегаат претставниците на Асоцијацијата на легални такси превозници, кои вработуваат повеќе од 4.000 граѓани, се од интерес и за Владата, особено во делот на фискализацијата и елиминирањето на сивата економија, и во однос на квалитетот на такси услугите за граѓаните.
Како посебно значаен на средбата бил нагласен заедничкиот интерес за системско решавање на набавката на нови возила со високи еколошки стандарди и електрични автомобили, како придонес во справувањето со аерозагадувањето.
Ново на Сител
-
Кривична против двајца прилепчани за дрвокрадство
-
Кривична за директорка на училиште, самата се назначувала за ментор на приправници и се стекнала со 303.360 денари
-
21 годишна скопјанка била физички нападната од својата сосетка
-
Владината делегација предводена од премиерот Мицкоски пристигна во Унгарија
-
Откопан гробот на Зоки Фаци | ФОТО
-
Притвор за 28-годишник осомничен за демнење на градоначалникот на Неготино
-
Мерц сака договор со Шолц пред самитот на ЕУ за Украина
-
Фон дер Лајен најави Акциски план за поддршка на европската автомобилска индустрија