Нови рочишта за „Тревник“, „Титаник“, „Насилство во Центар“ и „Шпион“
Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Тревник“, „Титаник“, „Насилство во Општина Центар“ и „Шпион“.
Во случајот „Тревник“ обвинети се Драган Павловиќ – Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан за бесправна градба на три викенд-куќи во Зелениково.
Според СЈО, обвинетите изградиле три викенд-куќи во општина Зелениково без да имаат право на ваква градба, односно градење без одобрение за градење. Латас изградил викендичка од 317 квадратни метри, а неговите браќа, викендички со квадратура од 130, односно 104 квадратни метри.
Во прибавените докази на СЈО, меѓу кои и сателитски снимки, вештачење, како и останата документација, овие три викенд-куќи биле започнати со градење во 2011 година, а одобрение за нивно градење од општината е добиено во 2013 година кога веќе биле и завршени.
Судот по бегството на обвинетиот поранешен премиер Никола Груевски во Унгарија одлучи да му се суди во отсуство. Освен Груевски во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.
Судското рочиште денеска треба да се одржи и за предметот „Насилство во Општина Центар“ во кој се обвинети 14 лица, меѓу кои и екс премиерот Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова.
На претходните рочишта, вината за случувањата пред Општина Центар вo јуни 2013 година, ја признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петтообвинетиот Јордан Ристевски.
Во судот за денеска е закажано и рочиште за предметот „Шпион“. Во првостепна постапка за овој случај беа осудени сите 19 обвинети. Највисока казна затвор доби првоосмничениот Марјан Ефремов, а меѓу осудените за соработака со странски тајни служби се и екс генералот на единицата „Лавови“, Горан Стојков, поранешниот директор на Управата за спречување перење пари, Ване Цветанов и поранешниот висок функционер во УБК, Александар Диневски.
Ново на Сител
-
ФИФА го казни Шкупи
-
Нетанјаху ќе биде опериран во подземна сала поради опасност од ракетен истрел
-
Пронајдени десет мигранти во две товарни возила на граничниот премин Богородица
-
Постапка против десет лица за кривични дела поврзани со криумчарење возила
-
Во Јужна Кореја прогласена седумдневна жалост поради авионската несреќа
-
Коцевски: Од страна на Јавното обвинителство не протекуваат информации
-
Трент не го известил Ливерпул дека ќе премине во Реал
-
Почина Јагнула Куновска, македонска политичарка и адвокатка