ЛШ: Нов минимален пораз на Металург

Ракометарите на Металург го забележаа и четвртиот пораз во серија во групата во Лигата на шампионите откако попладнево беа совладани од Мотор со 23:21. По двата минимална пораза на гости од еден разлика Металург запиша два пораза дома од два разлика.
Македонскиот претставник добро го почна дуелот и по десетина минути имаше водство до 5:2, а кон средината на првиот дел и највискоките во првиот дел +4 (7:3). Но, потоа следуваше и подобра игра на Мотор, кој со серија од три голови успеа да намали на 7:6. Со стрплива игра Металург повторно во 27.минута успеа да ги стигне оние +4 (11:7).
Воведните минути од вториот дел минаа во знак на гостите од Украина , кои ги имаа расположените Шелменко и Пухуски, а Металург предноста ја одржуваше преку Бувиниќ и Талески. Во овој период Мотор во два наврати намали на еден разлика (14:13 и 16:15). Мотор преку Куриленко за првпат го изедначи резултатот во 45 минута, а откако продолжи серијата грешки во нападот на Металург украинскиот тим поведе и со два гола разлика (18:16). Во тој период на играта Мотор имаше серија од 5-0.
Металург повеќе од десет минути не постигна гол (40 до 50.минута).
Во 52.минута Матиќ го постигна својот прв гол за да намали на 17:20 и со тоа ја прекина серија од 7-0 на гостите. По контрите на крилата Палевски и Костески Металург намали на еден гол (19:20). Во желбата брзо со контра Металург да дојде до изедначување направи уште две грешки во напад, па Мотор ја зголеми разликата на 22:20 на 100 секунди до крајот. Со голот на Шпилер Металург намали на 21:22.
Најефикасни беа Божовиќ кај Металург со 5 голови и Шелменко кај Мотор со 6.
Следниот натпревар Металург го игра на гости кај Кадетен Шафхаузен.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај велешкото село Ногаевци, пожари има и на Скопска Црна Гора, во Матејче и долж реката Лепенец
-

ЦУК: Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11
-

На граничниот премин Богородица за излез од земјата се чека 45 минути
-

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
