АМСМ информира: Внимавајте на овие патишта
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози.
ИЗВЕСТУВАЊЕ: На ден 27.02.2019 (среда) и 28.02.2019 (четврток) и 01.03.2019 (петок) ќе се изведуваат градежни работи при поставување на индуктивни јамки за броење на возила на Автопат А1, делница Градско-Неготино за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.
ИЗВЕСТУВАЊЕ: Денес 28.02.2019 (четврток) од 09:30 ч. до 10:00 ч. ќе има прекин во напојувањето со електрична енергија во тунелите кај Демир Капија на автопатот, поради изведување на електричарски работи од ЕВН.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.
ЗИМСКА ОПРЕМА: Потсетување за возачите, дека законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до 15 март.
СЕЗОНСКО ЗАТВОРАЊЕ: Патниот правец Р2332 Охрид-Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина - врска со А3 и Р1301 - Трпејца), од 15.11.2018 до 01.04.2019 е затворен за сообраќај за сите видови возила.
РАБОТИ НА ПАТ:
Г. П. Илинден – Струга известува дека од 16.02.2019 (сабота) поради изведување на градежни работи на пат, регионалниот патен правец Р1208 Охрид – Струга, на делот од с. Подмоље до Еврохотел – Струга, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила до завршување на градежните работи. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
На 08.02.2019 година на патниот правец А4 Скопје - Петровец и обратно, поточно на патниот јазол Петровец, извршена е трајна измена на режимот на сообраќај на тој начин што е затворен исклучокот од автопатот Скопје – Велес, кој води кон с. Петровец, а се наоѓа пред н. с. Петровец и истиот е поместен по н. с. Петровец. Oд патниот правец Велес - Скопје исклучокот за с. Петровец е поместен пред н. с. Петровец, а затворен е исклучокот кој се наоѓа по н. с. Петровец .
Друштвото Асфалт Дооел Скопје известува дека порaди изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици за патарина, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобренијата за времен режим на сообраќај и тоа на:
-наплатна станица Романовце во период од 15.09.2018 до 14.03.2019 год.
-наплатна станица Градско во период од 01.11.2018 до 01.04.2019 год.
Ги предупредуваме возaчите да пристапуваат внимателно и да се придржуваат кон упатствата од ново поставената сообраќајна сигнализација.
Илинден АД Струга известува дека согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај, на магистралниот пат А2, делница Кичево - Охрид (Мала Река – Славеј Планина) од 10.08.2018 воведе времена измена на сообраќајот, со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Измената ќе трае до завршување на градежните работи.
Oд 21.05.2018 година, започна изградбата на Експрес пат А4, Штип - Радовиш, на следниот потег: клучка Штип југ (Софилари)- Бучим (км 5+000 до км 28+560) согласно Договор бр. 001-ЕБРД/17.
Ги молиме сите учесници во сообраќајот за внимателно движење на овој потег, прилагодување на брзината и почитување на поставената времена сообраќајна сигнализација поради започнувањето и преземањето на градежни активности.
Ново на Сител
-

Инвертер климите доминираат над природниот гас: Поефикасни, побезбедни и поисплатливи
-

Приведени тројца бугарски државјани кои биле затекнати со делови од македонски народни носии
-

Сиљановска Давкова за можен прием на мигранти: Колку што сум информирана од британскиот амбасадор и од Владата тоа не е точно
-

Промени во раководството на ВМРО-ДПМНЕ, па до мај реконструкција на Владата и смени во дел од државните институции, најави Мицкоски
-

Алиу го презентира напредокот на националниот систем за трансплантација и реализацијата на инфраструктурните инвестиции во здравството
-

Сиљановска Давкова: Родово одговорното буџетирање овозможува реална проценка и поправедна распределба на јавните средства
-

Кривична за 24-годишна девојка, управувала возило со 126 километри на час на место каде е ограничено 50
-

Приведени двајца крадци од Куманово, на сила одзеле делови од автобус
