-->
-->
Министерствата за внатрешни работи на Северна Македонија и Словенија со одлична соработка
-->
Високо ниво на билатералните односи меѓу министерствата за внатрешни работи на Северна Македонија и Словенија, но генерално и меѓу двете држави беше констатирано денеска на средбата во Скопје ма министрите за внатрешни работи на двете земји, Оливер Спасовски и Боштјан Поклукар.
Министерот Спасовски изрази благодарност кон Република Словенија и кон словенечкото министерство за внатрешни работи за несебичната поддршка и помош за нашата полиција во справувањето со мигрантската криза.
-Тоа беше еден од најголемите предизвици за Република Северна Македонија, со кој можевме да се справиме само преку соработка меѓу државите од регионот, поткрепена со силната поддршка на пријателските држави, потенцира министерот Спасовски.
Главна тема на конференцијата ќе биде токму евалуацијата на досегашното спроведување на Иницијативата за интегрирано управување со внатрешната безбедност (ИИЦГ), како и новите проектни задачи на ИИСГ, особено во делот на функционирањето на Групата за поддршка на ИИСГ, односно вклучувањето на преставници од Западен Балкан во работата на оваа група.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руско МНР: Европа нема право да учествува во преговорите за Украина
-
Со инвестиција од над една милијарда евра во енергетиката во земјава влегува турската групација „Казанчи Холдинг“
-
Во Белград протест на просветните работници, а студентите од различни градови пешки тргнаа кон Ниш
-
Со помош на изработен лажен клуч, две лица провалиле во стан во Скопје и одзеле 250 евра и накит
-
Кремљ го прифати извинувањето на Вучиќ за гласањето за резолуцијата во ОН
-
Две заторенички физички се пресметале во КП Идризово, едната се здобила со тешки телесни повреди
-
Пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ за четворица струмичани од Комуналец
-
Таравари најавува законски измени за департизација на здравството