Македонија
25. February 2019 - 11:48

Двајца повредени во сообраќајката кај Ласкарци сè уште се во критична состојба

Двајца повредени во сообраќајката кај Ласкарци сè уште во критична состојба. Седуммина од повредените се хоспитализирани во „ГОБ 8-ми септември“.

Четворица се хоспитализирани на Ургентен, од нив тројца се во добра состојба, додека еден пациент е на КАРИЛ во критична состојба.

Од Министерството за здравство за „Алфа“ велат дека се очекува поголем број од полесно повредените, во текот на денов да бидат пуштени на домашно лекување.