Живот
21. February 2019 - 22:09

Девојче од Тексас случајно ја сними својата смрт: Се подготвуваше за важен натпревар и потоа се стана црно

Девојче од Тексас случајно ја сними својата смрт кога нејзината куќа експлодираше и ја уби на самото место.

Линда Роџерс (12) се снимала себеси како се подготвува за натпреварот на навивачки пред година дена, а родителите сега одлучија да ја објават снимката.

Линда на снимката е насмеана и среќна, неколку минути пред силната експлозија на гас која ја уништи нејзината куќа и ја уби.

Нејзиното семејство спиело во моментот на експлозијата и само по чиста случајност ја преживеаја несреќата.

Тие подоцна го пронашле нејзиниот телефон под урнатините и ја објавија последната снимка од девојчето во пресрет на годишнината од смртта.

На снимката таа зборува како не сака да го разбуди семејството, поради што зборува тивко и не ги пали сите светла во собата.

Потоа се гледа како си ја мести косата, а потоа телефонот го прекриваат искри, и станува целосно црн.