„Тој е феноменален. Тоа е единствен збор кој може да го употребите за да го опишете овој полицаец. Врската која тој ја има со децата е неверојатна. На децата им треба некој за кој мислат дека е суперјунак“, рече Ајиша. Додаде дека на луѓето им треба позитивност.
„Му реков дека мојата ќерка и некои други деца се плашат од полицајци. Така го забележав моментот кога тој дојде и се играше со нив, не затоа што мислев тоа да го ставам на интернет, туку зошто беше неверојатно што мојата внука не се расплака“, рече таа.
На крајот се огласи и Ц.Б. кој веќе 15 години работи во полиција.
„Кога ја добив оваа работа, знаев дека постои уште нешто друго освен пишување казни и тоа постојано да ме гледаат како лоша личност. Сфатив дека единствено важно правило е да бидам нечија светла точка тој ден“, рече тој.
Тој се надева дека неговите постапки, како и постапките на другите, ќе помогнат во подобрувањето на мислењето за полицијата.
„Кога првпат почнував, добивавме многу повици. Помислив дека ако може да им покажам дека сум сидро, симболот на спасот, и дека можат да дојдат да разговараат со мене и да ми веруваат, тогаш може да направам нешто добро. Сакам сите, не само децата, туку и мајките и татковците да знаат дека може да ми се обратат, вели Ц.Б.