-->
-->
Почна реконструкцијата на крововите во градинките во Гевгелиско
-->

Во Гевгелија денеска почнаа изведбените работи за менување на кровната конструкција на централната градинка „Детска радост“.
Со зафатот, како што информира Општината, покрај во Гевгелија, крововите ќе бидат заменети и во градинките во Негорци и Миравци врз кои не е интервенирано од 1975 година.
Предвидено е старата кровна конструкција со површина од 3.000 квадратни метри да биде заменета со нова, вредна вкупно 3,8 милиони денари. Средствата се обезбедени од општинскиот буџет.
На почетокот на изведбените работи присуствуваше и градоначалникот Иван Франгов кој нагласи дека со овој проект општина Гевгелија потврдува дека посветува посебно внимание за подобрување на условите за престој на најмладите во градинките.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Инфлација од 2,9 отсто во февруари
-

Осум пријавени настани со семејно насилство, приведени шест лица во Скопје, Росоман, Кичево и Виничко
-

Вработена од ДЗС Кочани: За Пулс не сум добила никаква документација, подрачното одделение Кочани нема инспектор за заштита и спасување
-

Метеж на бензинските, граѓаните брзаат да ги наполнат резервоарите
-

Во Штип одбележани 83 години од депортацијата на Евреите
-

Втора иранска балистичка ракета соборена во турскиот воздушен простор во последната недела
-

Повредени четворица малолетници и 21-годишно момче, откако возило излетало од патот Ржаничино - Таор
-

Спајиќ: Црна Гора има резерви гориво за два месеца
