Собир на здравствени работници за поддршка на д-р Љубомир Огњеновиќ

Група здравствени работници од неколку клиники организирани од Самостојниот синдикат на клинички центри, денеска одржаа собир во знак на поддршка на д-р Љубомир Огњеновиќ од Клиниката за дигестивна хирургија, кој пред неколку дена од огнено оружје беше повреден на своето работно место.
- Сигурни сме дека д-р Љубомир Огњеновиќ брзо ќе се опорави и ќе продолжи како и досега со својата хуманост и знаење да им помага на пациентите. Со верба во него, веруваме и во себе дека заеднички ќе ги надминеме овие моменти и уште посплотени ќе ја продолжиме нашата хумана мисија, рече Емилија Стојановска од Клиниката за дигестивна хирургија.
Горан Беговиќ, претседателот на Самостојниот синдикат на клинички центри, изјави дека ја ценат моралната одговорност од министерот, ја ценат повелбата за донесување закон за докторска дејност.
- Тоа значи дека сме за соработка. Ова е еднодневен протест кој се надеваме дека надлежните институции ќе го разберат и понатаму ќе имаме рамноправна комуникација, истакна Беговиќ.
Од Синдикатот побараа од Министерството за здравство да бидат рамноправен партнер во изготвување на нова законска регулатива во почетната фаза, законот за докторска дејност да донесе достоинствена минимална плата за докторите, квалитетен систем за заштита на достоинството и угледот на здравствените работници и соработници, квалитетна и професионална заштита на здравствениот работник, закон за сестринска и акушерска дејност во кои ќе бидат опфатени и сестрите со средна стручна спрема и долго работно искуство, бенефициран работен стаж за оние профили на кои има следува...
Ново на Сител
-

Тошковски: Толеранцијата на „Безбеден град“ ќе биде идентична со полициските радари
-

Нови зборови за новото време: Мисија на „Зборци“ | Виктор Бучковски | Sitel Podcast 132
-

Магла на планинските премини Стража, Плетвар и Крушево, сообраќајот се одвива по влажни коловози
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Мухамет Хоџа нов министер за животна средина, Беким Сали министер за евроинтеграции
-

Со сослушување два сведоци продолжи судењето против Нино Васев
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар
