Амбасадорот Река и почесниот конзул Имер Селмани на сочувство кај градоначалникот Таравари
Амбасадорот на Албанија во Скопје, Фатос Река и почеснипот конзул Имер Селмани на денешната посета на Гостивар на градоначалникот, Арбен Таравари изразија сочувство за загинатите во автобуската несреќа на 13 февруари и посакаа што поскоро оздравување на повредените.
– Го информирав амбасадорот дека постојано сум во контакт со медицинските екипи и хоспитализираните пациенти и дека повеќето од нив се во стабилна состојба и дека тројца пациенти се во критична состојба, но се надевам дека ќе се надмине оваа ситуација, бидејќи верувам во капацитетот на медицинскиот персонал и зашто станува збор за релативно млади пациенти, изјави Таравари по средбата.
Амбасадорот Река рече дека е дојден во посета за да се солидаризира со болката и да понуди помош, доколку е потребна.
Почесниот конузл Имер Селмани искажувајќи длабоко сочувство, напомена дека случајот треба да биде поука за државните институции. – Треба да се преземат многу повеќе мерки за да се избегнат вакви трагедии, подвлече Селмани.
Ново на Сител
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции