ПРОНАЈДЕНИ МРТВИ: Заврши потрагата по младата брачна двојка и уште две лица кои беа исчезнати
Во автомобилот кој бил повлечен од надојдената река, претпладнево беа пронајдени телата на четворицата исчезнати на грчкиот остров Крит, по речиси 35 часа потрага, јави дописничката на МИА од Атина.
-Во коритото на реката Геропотамис во општина Ираклио на Крит, беа пронајдени во нивниот автомобил, четворицата исчезнати и во тек е нивно извлекување, соопштуваат од грчката противпожарна служба.
Во потрагата беа вклучени и нуркачи, а возилото било откриено во дел што бил покриен со трски, кал и вода.
Според локалните медиуми од островот, во автомобилот се наоѓала млада брачна двојка, сестрата на сопругата и нивната мајка, а во саботата по полноќ се враќале од свадба.
Поради лошите временски услови и поројниот дожд реката покрај патот била надојдена и веројатно го повлекла возилото.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг