Мнозинството Французи се за завршување на протестите на „жолтите елеци“
Мнозинството Французи веќе не ги поддржуваат протестите на движењето на „жолтите елеци” и сакаат тие да престанат, покажува истражување објавено од весникот „Журнал ди диманш”.
Од почетокот на протестите, „жолтите елеци” сè повеќе ја губи поддршката кај населението, а сега дури 52 проценти сметаат дека протестите треба да престанат.
За споредба, во јануари „само” 37 отсто од Французите беа за ставање крај на протестите.
Во моментов „жолтите елеци“ ги поддржуваат само 24 проценти од анкетираните, покажува новото истражување.
Граѓаните, како што покажува истражувањето, сè повеќе се дистанцираат од протестите, поради однесувањето, насилството и направените трошоци во државата.
Весникот наведува дека сè помалку се луѓето кои излегуваат на протест, што јасно покажува сè помала поддршка од граѓаните.
Минатата сабота, на третиот месец од почетокот на протестите на „жолтите елеци”, на улица излегоа 41.500 луѓе, а претходната сабота беа 51.400, укажува „Журнал ди диманш”.
Протестите на „жолтите елеци” започнаа пред три месеци поради незадоволството од политиката на претседателот Емануел Макрон, а продолжија и покрај отстапките, кои ги направи француската Влада, прифаќајќи голем број од барањата на демонстрантите.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг