Мертенс ја освои титулата во Доха

Белгијката Елиза Мертенс ја освои титулата од турнирот во Доха, Катар, откако во финалето ја победи поранешната лидерка во светската ВТА листа – Симона Халеп (Романија) со 3:6, 6:4, 6:3.
За Мертенс ова беше прва титула на турнир од такво високо ниво, а Белгијката направи незаборавен пресврт за да стигне до финалната победа.
При 3:3 во првиот сет Халеп освои 18 последователни поени, за да го земе првиот дел и да поведе со брејк во вториот, но и покрај тоа, Мертенс не падна со духот и најде сили прво да го врати брејкот, а потоа и да го затвори вториот сет, благодарение на нов брејк во деветтиот гем.
Во решавачкиот трети сет, Мертенс направи брејк за 3:2, а во деветтиот гем направи уште еден брејк со кој го затвори натпреварот.
На својот пат кон титулата, Мертенс отстрани три топ 10 натпреварувачи – Кики Бертенс од Холандија во четвртфиналето, Анџелик Кербер од Германија во полуфиналето и во финалето Халеп.
Ново на Сител
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
-

Зеленски е подготвен за директни преговори со Путин во Турција
-

Иран соопшти дека ја разгледува можноста Ормуз да биде отворен според план што би се реализирал во рок од два дена
