Куќната помошничка проговори за Мајкл Џексон: беше педофил, се бањаше со дечиња во џакузито
Иако Мајкл Џексон веќе 10 години не е жив, повторно се најде на мета на медиумите од иста причина која го години се поврзува со неговото име - обвинувања дека злоставувал деца.
Поранешната куќна помошничка Адријан Макманус, која работела кај прочинатиот крал на поп музиката, за медиумите раскажа детали за контроверзното минато на пејачот кои го фрапираа светот. Адријан, како што навела, молчела од голема почит кон газдата и не се мешала во неговата интима.
„Мајкл Џексон беше предатор педофил кој злоставуваше десетина деца. Ги снимаше средбите со нив, а тие видео снимки ги чуваше во тајна библиотека скриена на ранчот Недојдија. Имаше многу вазелин во Недојдија, токму како и во собата на Мајкл. Не се распрашував многу зошто тој беше мојот шеф, и бев таму за да си ја вршам својата работа. Во куќата постоеја бројни тематски простории во кои тој се дружеше со децата, како розева соба, железничка и војничак соба“, вели помошничката, додавајќи дека најчесто го посетувале малолетни момчиња.
„Мајкл често имаше посебни гости, многу од децата со него се бањаа голи во џакузито. Ги држеше за раце и ги бакнуваше, а тие се обидуваа да се изборат за неговата наклонетост и љубов. Беше чудно да се гледа“, рече Адријан.
Инаку, пред неколку дена во медиумите исплива приказната дека Џексон наводно бил интимен со своите внуци и дека пред 3 години тоа го пријавил некој од роднините. Кога полицијата решила да го истражи случајот, никој од блиското семејство на пејачот не сакал да соработува. Подоцна внуците ги демантираа тврдењата дека била интимни со поп ѕвездата, која почина во 2009 година.
Да потсетиме, Мајкл во текот на животот се соочуваше со сериозни обвиненија на сметка на својата блискост со малолетни деца, а куќната помошничка е сигурна дека Џексон потрошил повеќе милиони долари за да го заштити својот имиџ во јавноста.
Ново на Сител
-
Форд повлекува над 760 илјади возила поради проблеми со ДПФ
-
САД негираат вмешаност во убиството на рускиот воен функционер Игор Кирилов во Москва
-
Распишани меѓународни потерници по Артан Груби и Перпарим Бајрами
-
Малолетник од Виница во „фолксваген кеди“ превезувал 9 мигранти
-
Предновогодишен концерт на оркестарот на Армијата со музичари од оркестрите на Вооружените сили на Франција, Унгарија, Италија и САД
-
Истрага за обид за убиство во Мирковци
-
Студија: Повеќето американски тинејџери се воздржуваат од алкохол, цигари и марихуана
-
Ѓуриќ за „Катимерини“: На крајот на 2026 година Србија ќе биде подготвена за членство во ЕУ