Заев на отворањето на Европските младински олимписки игри
Премиерот Зоран Заев вечер ќе присуствува на отворањето на Европските младински олимписки игри, што од денеска до 16 февруари ќе се одржат во Сараево, Босна и Херцеговина.
Македонија на Европскиот олимписки фестивал за млади (ЕИОФ) ќе има двајца претставници, Никола Петковски и Анамарија Зафировска. Двајцата наши репрезентативци ќе се натпреваруваат во дисциплината крос-кантри, каде Никола Петковски настапува прв на 11 февруари, во трката на десет километри слободно, додека Анамарија Зафировска ден подоцна ќе учествува во трката на пет километри слободно.
На Европскиот олимписки фестивал за млади, на кој настапуваат спортисти од 14 до 18 години, ќе има 911 натпреварувачи од 50 земји од светот.
ЕИОФ во Сараево се одржува во период кога градот ја прославува 35-годишнината од организацијата на Зимските Олимписки игри во 1984 година.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228