-->
-->
Ученици од Пехчево и Делчево со хуманитарен концерт за лекување на новинарот Зоран Двојаковски
-->
Учениците од основните и средните училишта во Пехчево и Делчево со хуманитарен концерт ќе се вклучат во хуманитарната акција за собирање средства за лекување на новинарот од Берово, Зоран Двојаковски.
Иницијатори за одржување на концертот се професорката Васка Пандова од делчевската гимназија „М. М. Брицо“ и професорот по музичко од Пехчево, Александар Парасков.
Професорката Пандова истакна дека целта е да се помогне во лекувањето на Двојаковски.
- Учениците секогаш знаат да бидат хумани, доволно е само малку да се мотивираат.Јас сум задоволна како е прифатена мојата иницијатива и еве веќе сѐ е подготвено за концертот. На овој концерт ќе настапат сите талентирани ученици од ООУ „Ванчо Китанов“од Пехчево и СОУ „М. М Брицо“ од Делчево, истакна Пандова
Во организацијата на настанот се вклучува и Центарот за собирање шумски плодови „Амброзија“ од Пехчево, како и Општина Пехчево.
Градоначалникот Игор Поповски јавно ги повика граѓаните на Пехчево што помасовно да се вклучат во акцијата и да му помогнат на Зоран.
- Уверен сум дека граѓаните на Пехчево во масовен број и овој пат ќе ја покажат својата хуманост и солидарност и ќе помогнат, бидејќи Зоки секогаш беше тука кога беше потребен на Пехчево, па сега ние, граѓаните треба да се реваншираме, истакна Поповски.
Хуманитарниот концерт ќе се одржи в петок во 17 часот во Домот на културата „Јане Сандански “ во Пехчево.
Инаку, Двојаковски е момче со тежок хендикеп, на кого пред повеќе од два месеци му е дијагностициран брзорастечки тумор на бешиката. Поради тешките здравствени проблеми, Двојаковски замина на лекување во соседна Бугарија, каде му се потребни 5.000 евра. Жиро сметка за донации: Зоран Двојаковски 200000200045905.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
На граѓаните на САД во Катар им е препорачано да се „засолнат“ додека Иран најавува одмазда
-
Прогласена вонредна состојба на грчкиот остров Хиос поради пожарите
-
Трамп: Никој да не ги зголемува цените на нафтата
-
Истрага за насилство против татко и неговите два сина, од кои едниот малолетен
-
Евакуација на четворица македонски државјани од Израел
-
ДУИ и ВЛЕН застанаа зад САД за Иран
-
Истрага за семејно насилство во Батинци – тешко повреден маж, вмешани татко, син и малолетник
-
САД издадоа предупредување до своите граѓани ширум светот за зголемена закана по нивната безбедност