Пендаровски: На овој ден „де факто“ стануваме членка на НАТО Алијансата
Цели 26 години по Декларацијата во македонското Собрание и 20 години по добивањето на статусот на формален кандидат за членство, практично ја реализираме едната од двете најголеми стратешки цели, објави по потпишувањето на пристапниот протокол, националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски.
– Денес, цели 26 години по Декларацијата во македонското Собрание и 20 години по добивањето на статусот на формален кандидат за членство, практично ја реализираме едната од двете најголеми стратешки цели зад кој стоеја буквално сите политички елити и раководства од 8 септември 1991 наваму.
Немам дилеми дека 6-ти февруари 2019-та, ќе биде споменуван како еден од најзначаните датуми во поновата македонска историја, затоа што на овој ден „де факто“ стануваме членка на НАТО Алијансата, напиша на својот фејсбук-профил Пендаровски
Ново на Сител
-

АХВ со мерки против сипаници кај овци и кози: Сточарите предупредени да не вакцинираат самостојно
-

Во Штип одбележани 34 години од формирањето на Армијата: „Гордост е да се биде нејзин припадник“
-

Клековски: Досега 35 потврдени случаи на западно-нилска треска, три суспектни и три смртни случаи, 15 лица се излекувани
-

Утре нестабилно со пороeн дожд, од четврток следува топлотен бран со температури над 40 степени
-

Во големиот пожар кај Омиш изгореа 106 возила и 28 куќи, ќе се бара прогласување природна непогода
-

Грчкото МНР: Нелегални се турските морски паркови во Егејското море и Источниот Медитеран
-

Отстранети 122 непрописно паркирани возила од улиците на Општина Центар за една недела
-

Приведен битолчанец за предизвикување пожар, следува пријава

