Директорот на велешкото ЈКП „Дервен“ си поднесе оставка за неговиот син да ја задржи јавната функција
Директорот на ЈКП „Дервен“ од Велес, Ѓорѓи Стојанов си поднел оставка и побарал да биде разрешен од функцијата поради тоа што во меѓувреме неговиот син бил поставен за раководител на регионалната канцеларија на Централниот регистар на РМ во Велес, информираше градоначалникот Аце Коцевски на денешната прес-конференција.
– Раководејќи се од високите морални и етички принципи, што јас особено го почитувам, господинот Стојанов се повлекува од функцијата за да не дозволи двајца членови од исто семејство да бидат на високи, одговорни позиции, за да нема непотизам. Јас му честитам за неговиот гест и се надевам дека и други наши претставници на кои сме им дале доверба, во наредниот период ќе го следат неговиот пример, потенцира Коцевски кој му се заблагодари на досегашната успешна соработка.
Имено, Коцевски за утре најави дека ќе ги соопшти имињата на вршители на должност – директори на ЈКП „Дервен“ и ЈП „Парк спорт“. Тој најави дека очекува оставка и од директор на уште едно јавно претпријатие во Велес, а од лични причини дополнително ќе ја информира јавноста.
Ново на Сител
-

Путин побара дополнителни мерки за справување со последиците од украинските напади врз цивилната инфраструктура
-

Чавушоглу: Од Македонија се бараше да го смени името, знамето и сега се бара да прифатат дека не се Македонци
-

На граничните премини нема долги задржувања
-

Денеска е најтоплиот ден во историјата на мерењата во Франција
-

Силно невреме со пороен дожд, град и грмежи помеѓу Неготино и Демир Капија
-

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски се прости од Јовица Илиевски
-

Невреме со пороен дожд во Штип и Гевгелија
-

Опожарени околу 30 хектари житни култури во две светиниколски села

