СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е во паника и бара алиби за изборниот пораз во измислени и нереални причини
Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е во паника од успехот на Македонија и членството во НАТО.
Македонија седнува на своето столче во НАТО, Мицкоски стравува за своето опозициско столче во ВМРО ДПМНЕ.
ВМРО ДПМНЕ знае дека ги чека пораз на избори, знаат дека немаат поддршка кај граѓаните, освен деструкција и блокади не нудат ништо добро за државата и нејзините граѓани.
Затоа ВМРО ДПМНЕ бара алиби за извесниот изборен пораз во нереални и измислени причини.
Измамите, изборните манипулации, злоупотребата на институциите пред избори се симбол на криминалното вледеење на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го потврдуваат и бројните судски предмери за изборни нерегуларности што се водат против нив пред наделжните судови.
Наместо очајнички да бара алиби преку измислици, Мицкоски и антизападното раководството на ВМРО ДПМНЕ во белиот дворец нека се подготват за пораз на какви било избори кои ќе бидат фер, слободни и демократски, стои во соопштението испратено од СДСМ.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
-
Гевгеличанец три месеци демнел татко со три малолетни деца и сакал да оствари несакан контакт
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје