-->
-->
Намалени цените за сместување во старски дом „Д-р Иван Влашки“ во Берово
-->

Берово ги намали цените на сместување во новиот старски дом „Д-р Иван Влашки“. Во новиот оглас за прием на станари, наместо првичната цена од 25 илјади денари, старите лица кои ќе сакаат третата доба да ја поминат во оваа општинска установа ќе плаќаат 15 или 18 илјади денари.
Како што информира градоначалникот на Берово, Драги Наџински, старите лица за кои не е потребен посебен третман ќе ги користат услугите на домот за месечен надоместок од 15 илјади денари, додека пак за старите лица со хронични билести и неподвижни за кои е потребен посебен третман месечното сместување ќе чини 18 илјади денари.
- Ова намалување на цените на сместување е резултат на фактот кој зборува дека реално пенизонерите од регионот и немаат толку високи примања. Ние се одлучивме во проектирањето на новиот буџет да предвидиме средства за субвенционирање на домот, појасни Наџински.
Градоначалникот Наџински истакна и дека со отворањето на другото крило, ќе има повеќе згрижени лица и цената ќе биде економски оправдана.
- Овде старите лице ќе имаат 24-часовна грижа, ќе добиваат по 5 оброка, секојдневна работа со социјален работник и редовна здравствена заштита. Сместувањето е во комплетно новоизградени двокреветни соби, опремени со мини кујна, телевизор, интернет, тоалет со бања, заеднички простории за друштвени игри, хортикултурно уреден двор, појасни Наџински.
Интерес за сместување во старскиот дом во Берово има. Досега се примени 7 апликации, а првите станари се очекуваат наредната недела. Инаку, старскиот дом во Берово е со капацитет за 15 лица и е прв дом во регионот кој ќе нуди 24 часовна грижа за стари лица. Домот е граден со финансиска поддршка од НВО Холандија - Македонија и Министерството за труд и социјална политика, а вкупната инвестиција е 140 илјади евра. Во соработка со истата невладина, се инвестира во изградба на уште еден објект, каде ќе се сместат уште 15 стари лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
-

Четири лица уапсени за убиствата во Ѓорче Петров
-

Нови животински видови во битолската Зоолошка Градина - Свет ибис, був, американски ракун...
