Запознавање со други религии, ученици ја посетија џамијата во Кавадарци
Во рамки на наставата по предметот општество и тематската целина за запознавање со други религии, но и проектот за меѓуетничка интеграција во образованието кој континуирано се работи во образовниот процес, петтоодделенци од основното општинско училиште „Тоде Хаџи Тефов” од Кавадарци денеска ја посетија кавадаречката џамија.
– Ги запознавме децата со карактеристиките на муслиманската вера, а им појаснивме и по што таа се разликува од другите. Им кажавме дека сепак, во основа на сите е верувањето во Господ или Алах. Нагласивме дека треба уште од најмали нозе луѓето да се учат да се има почит кон било која вероисповед, да не постојат и најмали предрасуди, кога е во прашање нечија верска ориентација, за МИА рече Амет Фазлиов, претседател на Исламска верска заедница Кавадарци.
Учениците кои беа дојдени со своите наставнички имаа можност и да поставуваат прашања. Тие се интересираа за работи кои ги слушнале, доживеале или виделе на филм, а се поврзани со муслиманската вера.
На нивните прашања одговараа Фазлиов и двајцата имами во џамијата.
Ново на Сител
-
Мачките благотворни за човековото здравје
-
Милорад Додик осуден на една година затвор
-
ДКСК: 86 казни за актуелни и поранешни министри, пратеници и именувани лица
-
Филипче: Владата да каже за што се потрошени парите од унгарскиот кредит
-
Делегација од Кисела Вода предводена од градоначалникот Ѓорѓиевски положи цвеќе на гробот на Борис Трајковски
-
Мицкоски: Точно се определени начините како можат да се трошат средствата обезбедени преку кредитната линија од Унгарија
-
Има закон и ќе одговараат пред него, им порача Мицкоски на супер маркетите кои картелски се здружуваат
-
Дожд и повремен снег во наредните денови