-->
-->
Зголемен водостојот на река Брегалница во Делчево
-->
Зголемениот водостој на река Брегалница е нормална појава по интензивните врнежи и засега нема опасност од нејзино прелевање. Како што информираше Кире Цоневски, соработник за превенција заштита и спасување од елементарни и други непогоди при општина Делчево, доколку сепак дојде до појава на поплави, општината преку свои механизми ќе ги вклучи сите расположливи ресурси за ублажување на несаканите ефекти.
– Реката Брегалница и нејзините притоки, како и другите помали водотеци на подрачјето на општина Делчево во моментот се во нормалата и не се очекува некое поголемо нарушување на количеството на проток на вода. Сепак доколку се случат некои неочекувани промени на временската состјба со екстремно обилни врнежи од дожд, општина Делчево во потполност ќе ги вклучи сите расположливи материјално-технички и човечки ресурси за справување со било каква алармантна состојба со која би се загрозиле животот, здравјето и материјалните добра на граѓаните на нашата Општина, вели Цоневски.
Во насока на подобрување на состојбата со поплави општина Делчево го подготвува проектот за дорегулирање на речното корито на река Брегалница, проект со кој се очекува зголемување на заштитата од зголемен водостој во централното градско подрачје. Проектот ќе се спроведува преку програмата за прекугранична соработка со општина Благоевград, Р Бугарија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
-

Франција ги продолжи полициските часови за да ги смири немирите и грабежите
-

Ученик претепан на голем одмор пред среднo училиште во Скопје, еден од напаѓачите извадил пиштол
-

Одложено испитувањето на сведоците во случајот „Лотарија“, за доказите одбраната ќе се произнесе на 30 октомври
-

Ученик физички нападнат од наставник во основно училиште во Шуто Оризари
-

ОКТА воведува попуст од два денара по литар дизел гориво

