-->
-->
Грешката ја признаа, и се извинија: Mагазин мора да ѝ плати отштета на првата дама на САД поради лажните детали за нејзиниот живот
-->
Британскиот магазин “Дејли Телеграф” вчера упати искрено извинување кон првата дама на Америка, Меланија Трамп поради статијата полна со лажни вести.Магазинот наведува дека на Меланија ѝ упатува “безрезервно” извинување поради текстот објавен на 19 ноември.
Тврдењата поради кои британскиот магазин се извинува се изнесени во текстот “Мистеријата на Меланија”, а во кој наводно се опишува како “повлечена и енигматична” прва дама од разговорите со инсајдери од Белата куќа, нејзините пријатели од Словенија и фотографите.
Магазинот истакнува дека погрешно ја карактеризирале личноста на таткото на Меланија, дека објавиле лажни причини за нејзиното напуштање на програмата за архитектура и дека погрешно е наведено дека нејзината манекенска кариера била неуспешна пред да го запознае сопругот Доналд Трамп.
Во соопштението кое Телеграф го објави по повод текстот се вели:
“Таткото на госпоѓата Трамп не беше застрашувачка личност и не го контролираше семејството. Госпоѓата Трамп не ги напушти студиите по архитектура и дизајн поради причините кои се наведени во текстот, туку бидејќи сакаше да ѝ се посвети на кариерата како професионален модел. Крариерата на госпоѓа Трамп не стагнираше додека не го запозна Трамп. Во текстот исто така се тврди дека мајката, таткото и сестрата на госпоѓа Трамп во 2005 година се преселиле во Њујорк за да живеат во зградата во сопственост на господинот Трамп. Не го направија тоа. Тврдењата дека госпоѓа Трамп плачеше ноќта за време на изборите исто така не се вистинити. Безрезервно ѝ се извинуваме на првата дама и нејзиното семејство за нанесената срамота со оваа статија”.
Во соопштението се наведува дека на првата дама ќе ѝ биде исплатена и отштета.
“Во знак на нашето жалење поради текстот согласни сме да ѝ платиме значителна отштета на госпоѓата Меланија Трамп и приватни трошоци”, пишува Телеграф.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
-

Брза интервенција на велешките пожарникари спречи проширување на пожар во семејна куќа
-

Активни 11 пожари и три под контрола
-

Претреси на повеќе локации во Тетово и Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција
-

Кавадарчанец во полиција пријавил измама од 3.200 евра
-

Претреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени пет лица
-

„Безбеден град“ досега евидентирал 310.865 прекршоци, од кои 180.378 за возила со странски регистарски ознаки
