Иванов: Извештајот на ЕК објективна слика за состојбите во Македонија

И годинешниот извештај на Европската комисија дава објективна слика на актуелните состојби во повеќе области во Република Македонија. Земјата ја очекува интензивен период на политичката сцена и потребно е одговорно однесување од сите политички актери.
Ова го оцени претседателот на државата Ѓорге Иванов по денешната средба со евроамбасадорот Аиво Орав, на која тој му го врачи Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија за 2015 година и го информираше за клучните оценки содржани во извештајот.
- Имајќи ја предвид огромната поддршка која интегративниот процес ја има од граѓаните на Република Македонија, политичкиот, меѓуетничкиот, социјалниот, и всушност целокупниот општествен консензус за интеграцијата во ЕУ, трансформативната моќ која ја има самиот процес, недвосмислено упатува на неопходноста со максимална сериозност сите општествени и политички фактори во земјата својата енергија да ја насочат кон надминување на забелешките од Извештајот. Граѓаните на Република Македонија имаат потреба реформските процеси за достигнување на стандардите и исполнување на критериумите да бидат највисок приоритет во наредниот период, рече шефот на државата на средбата.
Тој при тоа посочи на неопходноста за промена на статус кво состојбата во контекст на отворањето на пристапните преговори за членство.
- Крајно време е Република Македонија да ги отпочне пристапните преговори за членство во Европската унија. Треба објективно да се согледаат последиците од предолгото чекање. Политичките кризи се повторуваат и за жал, секоја следна криза е со посилен интензитет и поопсежни последици, истакна Иванов.
Во однос на Договорот од 2 јуни и Протоколот од 15 јули, усогласени од страна на лидерите на политичките партии, претседателот Иванов смета дека договорените решенија треба да бидат доследно спроведени, да се надминат политичките надмудрувања и дневно политичките игри. Сите политички актери неодложно и целосно да се посветат на европската и евроатлантската агенда на Република Македонија.
- Во иднина очекувам политичкиот дијалог да се остварува во институциите на системот, со доверба во нив и со нивно целосно и безусловно почитување, порача претседателот Иванов.
Ново на Сител
-

Возачите да внимаваат, одрон повторно на автопатот Скопје-Велес
-

На Артан Груби му е одреден куќен притвор и одземање на патна исправа
-

Изменет сообраќаен режим денеска и утре на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци, клучка Петровец и клучка Аеродром
-

ЈПС - Скопје: Ново на skopjebus.mk: надополни картичка онлајн – брзо и лесно
-

Најмалку 25 припадници на мексиканската Националната града загинаа во престрелка со наркокартелот на Ел Менчо
-

Одлуки од вонредна седница на Дисциплинска комисија на ФФМ
-

Од полноќ бензините поскапи за половина, а дизелот за еден денар
-

Кривична пријава за кражба на дрва и остварена противправна имотна корист од 2 037 700 денари
