Опозицијата обвинува за вработување на 700 партиски војници во јавните градски претпријатија
Следното енормно загадување повторно ќе ги поскапи сите паркинзи вклучувајќи го и оној на клинички. Иако најави градоначалникот Шилегов пред советот не предложи измени со кои ова паркиралиште нема да бде опфатено со мерките за намалување на аерозагадувањето. ДО крајот на годината клинички ќе добие две нови монтажни гаражи со 350 паркинг места. Советниците од опозицијата пак реагираа на инвестициониот план на комуналното претпријатие со кој ќе се потрошат 3 милиони денари за мебел и информатичка техничка опрема.
Опозицијата реагираше и на предвидените нови 700 вработувања во претпријатијата комунална хигиена и во ЈСП. Обвинија дека се работи за купување гласови за претстојните избори.
На седницата беа изгласани повеќе точки кои се однесуваа на кредитно задолжување на ЈСП за набавка на нови автобуси, траен откуп на имот кој се однесува и на терасите од угостителските објекти, апарати за прочистување в училиштата, набавка на возила за превоз на лица со потешка инвалидност.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар