Најдоцна до среда договор за пазарите
Најдоцна до среда можно е да има разврска на проблемот со пазарџиите. Иако преговараат, сè уште не се знае дали пратениците ќе интервенираат во сите спорни делови. Новиот закон, што стапи на сила од почетокот на годинава, ги обврзува пазарџиите да плаќаат годишна лиценца за работа од 60 евра. А пензионерите и вработените воопшто не може да закупат тезга. До сега неколку политички партии преку соопштенија до јавноста искажаа поддршка. Пазарџиите, пак, не отстапуваат од својот став законот целосно да се повлече.
Новиот закон принуди дел од закупците да ги откажат тезгите.
Откако пазарџиите го искажаа својот револт и пред собранието, дел од пратениците им ветија дека ќе предложат измени за да се врати можноста на секој граѓанин да закупи тезга. Но, секако, тоа да е во согласност со другите закони.
-
Мирјана Јовеска
Сите содржини од овој новинар