Продолжи судењето на обвинетите за убиството на Саздовски
Пред почетокот на денешното рочиште за Бесир Беља и Скендер Демири, обвинети за убиството на дваесетгодишниот Никола Саздовски-Саздо, јавниот обвинител до Судот достави оригинална наредба за обезбедување записи од видео камера од ЦД Безбедносен град.
Бранителот на второбвинетиот Беља, адвокат Стефан Ристовски побара Судот да не ја прифати снимката како доказ сега, туку во дополнителни докази во натамошната постапка, бидејќи тоа можел да го направи порано и оти таква можност имал седум пати досега. Со него се согласи и адвокатот Насер Рауфи.
Сепак, Судечкиот совет одлучи да се прифати како доказ, бидејќи не претставува пречка и оти Јавното обвинителство доставило и доказ дека снимката навремено била доставена до одбраната.
На барање на адвокатот на оштетените, Ванчо Шехтански се изведува како доказ психијатриски наод и мнение за претрпена нематеријална штета за претрпена болка заради загуба на блиско лице за родителите и братот и сестрата на Саздовски.
Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Ј. Љ. (19), кој е во бегство, на 29 јуни минатата година крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда.
Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а за третоосомничениот, кој сè уште е недостапен за органите на прогонот, е распишана домашна и меѓународна потерница.
Ново на Сител
-

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економски раст потврдува дека сме на вистинскиот пат
-

Седумнаесет години од бродската несреќа на Охридското Езеро
-

Над илјада заразени во Европа од западнонилска треска
-

Патник од прва класа на лет во САД касал и удирал луѓе, па со селотејп го залепиле за седиштето
-

ЦУК: До 7:30 вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои два се активни
-

Митева за Сител: Системот со карти за 8 Септември е поради безбедноста и за да нема огромни редици
-

Вучиќ: В среда или в четврток ќе ги распишам изборите
-

Над 15 отсто од Македонците се дебели – каде сме во споредба со Европа?

