-->
-->
Патронажната служба со редовни посети на хронично болните во Струмица
-->
-Тимови на патронажни сестри на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица почнаа со редовни посети на хронично болните кои се лекуваат во домашни услови.
Според одговорната сестра Евдокија Митрева, од денеска посетите ќе се реализираат со новото возило, кое неодамна беше донирано од страна на организацијата „Сано“ и министерот за здравство, Венко Филипче.
-Ги посетуваме хронично болните во нивните домови и при тоа им го мериме крвниот притисок и нивото на шеќерот. Исто така, проверуваме дали ја земаат пропишаната терапија, рече одговорната сестра Митрева.
Патронажната служба ќе ги посетува болните и во градот и во населените места.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Прва медицинска евакуација од Вселената
-

Ненадејни поплави ја погодија австралиската држава Викторија
-

Трамп за Пахлави: Изгледа многу симпатичен, но не знам каква улога би играл во својата земја
-

Грантови од МОН за училишни активности за заштита на учениците од насилство и од разни видови пороци
-

УНИЦЕФ: Во Појасот Газа за три месеци загинаа повеќе од сто деца
-

Најстудено утрово во Берово, 25 сантиметри снежна покривка на Попова Шапка
-

Повторно отворен воздушниот простор на Иран
-

Почнува Европско првенство во ракомет 2026

