Заев со обраќање по изгласаните уставни измени: Генерацискиот сон станува реалност
На 11 јануари нашата земја напиша историја. Генерацискиот сон станува реалност. Со одлуката за промена на нашиот Устав, започна спроведувањето на договорот од Преспа за членство на РМ во НАТО и ЕУ.
Пратениците во Собранието со 2/3 овозможија да зачекориме низ отворените порти во најголемите западни сојузи во светот“ - вака премиерот го започна првото обраќање пред јавноста откако собранието даде зелено светло за промени во Уставот со кои Р. Македонија ќе го смени името во Р. Северна Македонија.
За овој историски момент Заев им се заблагодари на пратеници за оваа голема и одговорна одлука.
Тој посочи дека овие денови заедно со соседна Грција ќе ги отфрлат изолацијата и недоразбирањата а е убеден и дека пратениците во грчкиот парламент ќе го ратифкиуваат договорот од Преспа и Грција ќе биде првата земја која ќе го потпише протоколот а потоа и останатите земји членки на Алијансата со кој Македонија ќе може да пристапи кон НАТО.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје