Под влијание на своите ѕвезди, овие три хороскопски знаци постојано ги уништуваат своите врски…

Понекогаш имаме чувство како да сме направиле сè правилно, но сепак на крајот врската завршила. И токму тогаш се наоѓаме во ситуација на збунетост и не можеме да сфатиме што тргнало наопаку. Но изгледа не сме секогаш виновни ние. Погледнете ги следниве 3 хороскопски знаци кои под влијание на своите ѕвезди постојано ги уништуваат своите врски:
Бик
Биковите се доживуваат како силни, самосвесни и амбициозни жени, но мажите во нив секогаш гледаат жени кои си се доволни самите себеси. Тие несомнено привлекуваат со својот шарм и отвореноста на умот, но оние кои се со нив во врска чувствуваат како постојано да се на тест и како да им се поставуваат предизвици кои покажуваат до каде се подготвени да одат.
Биковите често се чувствуваат како да се во некаков вид натпревар, бидејќи во нивната природа е да докажат дека можат да направат сè подобро и побрзо, па затоа и нивните партнери се чувствуваат како да се во нивна сенка. Зборливоста на Биковите им е симпатична на почетокот, но како што поминува времето така таа почнува да ги нервира нивните партнери. Ако цело време само вие зборувате, како очекувате да го задржите покрај себе?
Девица
Девиците се паметни, интересни и духовити, но тоа не е доволно за да го задржат покрај себе оној кој го сакаат. Најпрво тие глумат кралица која живее на врвот од леден брег и целосно се воздржуваат при покажувањето на нивните емоции. Но, во истиот момент кога нивниот партнер ќе се навикне на ова однесување, тие се претвораат во несигурни емоционални девојчиња.
Девиците знаат и по 100-тина љубовни пораки дневно да му испраќаат на своето момче, а кога му се јавуваат, му шепотат и звучат како 5-годишни девојчиња. На нивните средби тие скокаат врз својот партнер небаре се вратил од војна бидејќи им делува како да прошле 3 години откако се виделе, но во реалноста поминале едвај 16 саати. Токму оваа опсесија со контролата го излудува, но не на оној начин на кој вие би сакале.
Водолија
Водолиите не барат партнер, туку предизвик. За нив не се интересни оние обични и секојдневни момци кои можат да се најдат на секој чекор. Токму затоа и имаат тенденција да одберат личност со маани и емоционална недостапност. На нив гледаат како на сопствен мал експеримент чија цел е поправање и лепење на скршените и растурените делови.
Водолиите не сфаќаат дека не е нивна задача да ги менуваат и креираат своите партнери, па токму затоа и се скршени откако партнерот ќе ги напушти. Тие оваа постапка ја гледаат како неблагодарност за целиот вложен труд во него. Размислете, дали тој некогаш од вас побарал да му помогнете или пак, вие самите сте го заклучиле тоа? Наместо да се трудите толку да ги менувате другите, помогнете си себеси и обидете се вие да станете подобри.
Ново на Сител
-

Нов напад на американскo израелските сили, погодена болница во Техеран
-

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

Иран вели дека три танкери за нафта биле погодени од ракети
-

Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови
-

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана
-

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички
-

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили
-

Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран
