Интензивни врнежи од снег во источна и југоисточна Македонија, сообраќајот без забрани
Интензивни врнежи од снег ја зафатија источна и југоисточна Македонија. Внимателно да се вози по магистралните и регионалните патишта препорачуваат од „Македонија пат“.
Раководителот на Регионална подружница ЈП „Македонја пат Штип“, Кире Коцев за МИА вели дека во моментов на терен имаат 20 камиони кои ги расчистуваат коловозите и фрлаат абразивен материјал и сол.
Во моментов нема никаква забрана за одвивање на сообраќајот на магистралните и регионални патни правци во источна и југоисточна Македонија, но Коцев забележува дека треба особено да се биде внимателен кога се патува низ клисурите, а тоа се однесува на патните правци виничко село Истибања-Македонска Каменица-Делчево до македонско бугарскиот граничен премин и на патот Виница-Берово.
Се препорачува на возачите да возат согласно сообраќајната сигнализација и условите на патот и да не се тргнува на пат без зимска опрема.
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти

