Таравари во посета на Брисел
Генералниот секретар на Алијансата за Албанци Арбен Таравари, денеска е во официјална посета на Брисел.
Во текот на дводневниот престој, како што информираат од Алијансата за Албанци, Таравари ќе оствари средби со високи претставници на институциите на ЕУ, како и со личности кои го поддржуваат патот на Македонија кон интеграции во ЕУ и НАТО.
Агендата на средби ќе биде фокусирана околу последните политички случувања во земјата, со посебен акцент на уставните промени и на веќе познатите ставови на Алијансата за Албанците за потребата на унапредување на уставната положба на Албанците, како клучен фактор за градење на мултиетничко, демократско и вистинско европско општество.
Во Европската комисија, Таравари ќе оствари средба со еврокомесарот за проширување и добрососедство, Јоханес Хан, како и со европратениците Флекенштајн, Кукан и Вајгл, кои беа водечки фигури на Европскиот парламент во врска со политичкиот развој во Македонија и најголемите поддржувачи на европеизацијата на државата, с енаведува во соопштението од Алијанса на Албанците.
Ново на Сител
-

Нови 2.062 случаи на грип, сезонава три лица починати со грип
-

Сослушани сведоци на судењето за случајот „Онкологија“
-

Клековски: Во март следува уште едно зголемување на платите во јавното здравство
-

Укинати се вонредните ситуации во сите општини во Србија поради снегот, ситуацијата е стабилизирана
-

Со потпишување на Повелбата стапи во сила Одборот за мир на Трамп
-

Маж ставил 16-годишно момче во багажник бидејќи му ја мавал колата со топки снег
-

Верстапен прогласен за возач на годината за 2025 година од страна на Аутоспорт
-

До сабота облачно и потопло, за викендот дожд и снег

