Во Скопје 23 сообраќајки за празниците, повредени 19 лица

Две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а 17 со лесни телесни повреди во 13 од вкупно 23 сообраќајни незгоди што се случиле во изминатите четири денови на подрачјето на Скопје. Во 10 сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Според податоците на Министерството за внатрешни работи, полицијата санкционирала 139 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, 23 кои возеле под дејство на алкохол, 35 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и 11 почетници.
Од сообраќај исклучени се и едно возило кое било технички неисправно, 34 нерегистрирани возила, а полицијата издала и 211 санциии за непрописно паркирање. Со специјалното возило „пајак“ подгинати се 130 возила.
Санкционирани се и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин, пет пешаци кои поминале коловоз на црвено светло, 15 кои поминале крстосница на црвено светло, девет возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки пречин, седум за неправилно престројување, тројца за неправилно престигнување, еден возач за недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, 16 за непоседување пропишана зимска опрема во возилата, тројца за неносење сигурносен појас и 21 за користење мобилен телефон при возење.
Ново на Сител
-

Околу половина час се чека за излез од државата на премините „Дојран“ и „Табановце“, ГП Евзони блокиран за сообраќај
-

Орбан со честитки до ВМРО-ДПМНЕ: По години опозиција, денес сте една од најуспешните политички партии во Европа
-

Мицкоски за спорот со Бугарија: Мора да постигнеме решение кое ќе спречи идни предавства од некој нов трговец од Горни Милановац или хирург од Дубаи
-

Мицкоски: Не добив само реизбор, денес победи идејата за патот што го трасираме за Македонија
-

Христијан Мицкоски реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ
-

Лишени од слобода крадци од Гостивар и гостиварско
-

26-годишен гостиварчанец со „јагуар“ удрил пешак и тешко го повредил
-

Мицкоски: Македонија влегува во деценија на зрелост, наша мисија е да покажеме дека државата ќе успее
