-->
-->
Снег и лед убиваат по Европа: Најмалку шест загинати во ударот на страотната зима
-->
Најмалку шест лица загинаа во инциденти поврзани со лошите временски услови во Германија, Австрија и Швајцарија, а властите во тие земји предупредија денеска за ризикот од лавини во северните Алпи.
Германската полиција соопшти дека загинал 44-годишен маж во Вакерсберг во Баварија кога врз него, среде натрупаниот снег, паднале гранки од дрво.
Загинала и една жена во инцидент поради невремето во Баварија.
Во Швајцарија жена затрупана во снег минатата недела почина од здобиените повреди во кантонот Ури, соопштија официјалните лица.
Во Австрија тројца скијачи загинаа во лавини во текот на викендот. Околу 40 спасители со кучиња трагачи беа во потрага по двајца скијачи недалеку од Хохенберг во Долна Австрија. Поради ризик од лавини, патот и целото скијачко подрачје Хохкар е затворено.
Во австрискиот регион Штајермарк и некои делови од германската покраина Баварија денеска се затворени училиштата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата