Заев: Божик да биде еден од многубројните денови годинава исполнети со радост и нова надеж за подобро утре
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, упати честитка по повод Христовото раѓање – Божик. Во честитката потсетува дека овој голем празник не повикува да го чествуваме не само заради историјата, а уште помалку, и најмалку заради обичаите, туку како празник потсетник да ги отвориме срцата за да ја примиме радоста од Христовото раѓање, којашто не исполнува во овие свечени денови.
– Исполнети со таа радост да си посакаме сите еден на друг од срцата да извадиме сѐ што е непотребно, сѐ што е пречка за личен мир, за спокоен дух, за да можеме истото да им го подадеме на другите, блиските, најсаканите, и заедно да го преобразиме злото во добро. Денешниот празник, Божик – Рождество Христово, нека ни биде еден ден од многубројните што годинава ќе бидат исполнети со радост на патот на новата надеж за подобро утре за секој човек, во секој дом. Таа надеж и желба за подобро утре да ја пренесеме и во нашиот заеднички дом, општеството, за да го изградиме како похумано и поправедно, со просперитетна иднина за сите, пишува Заев во честитката по повод Рождество Христово – Божик.
Ново на Сител
-
Шекеринска: Никогаш за никого не сум ургирала
-
Сестрата на Фросина: Бараме одговорност од таткото на возачот и судијката
-
Колумбискиот претседател го нарече Трамп „фашист“ и го спореди со Хитлер
-
Во тек е голема полициска акција за откривање и запленување на фалсификувани пари
-
Четиригодишното дете од Струга што почина имало тешка форма на церебрална парализа и загрозени витални параметри
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
Вкупно седум лица повредени во две одделни сообраќајки близу Кичево, меѓу нив 19-годишна девојка
-
89-годишен битолчанец удрен од автомобил, се здобил со тешки телесни повреди