Македонија
4. January 2019 - 16:30

Телефонска линија отворена за битолчани да пријават проблеми од снегот

Снежните врнежи во Битола и околината продолжија и денес, а снежната покривка која се формираше е најмалку 24 сантимери. ЈП „Нискоградба“ продолжи со посолување и чистење на улиците од прв и втор и приоритет, досега се фрлени над 100 тони сол и околу 80 тони ризла. Отворен е и телефонот за итни случаеви.

-Онаму каде што има стари изнемоштени лица, лица со посебни потреби, каде што има прослави, во случај на смрт и други итни случаи да се јавуваат граѓаните на телефонот 047/221016 и ние во рамките на нашите можности ќе интервенираме, рече Методи Силјановски, директор на ЈП Нискоградба Битола.

Вечерва и утре додека се уште се поволни температирите, се планира да се чистат споредни улици кои не се во програмата.

-Од утревечер температурите ќе паднат и до минус 10 па затоа ефектот од чистењето ќе биде минимален, вели Силјановски.

Силјановски вели дека според информациите од подизведувачите и дежурните екипи, патиштата кон селата се проодни, но доколку некаде има проблем да се јават за да може да се интервенира. Што се однесува пак до состојбата на регионалниот пат Битола – Ресен, денеска сообраќајот се одвиваше нормално без застој. За утре во Битола се најавуваат ниски температури, додека за вторник се прогнозира дека утринската ќе се спушти и до -14 степени.

Селата се проодни, ако има проблем да се јават да се доиунтервенира

ЈКП„Нискоградба“ почна со чистење на помалите улици во градот кои се надвор од прв и втор приоритет.

Снежната покривка во Битола достигна  24 сантиметри, а од претпријатието велат дека денеска се расчитуваат улици во населбите Баир, Брусничка населба и други помали улици како и патиштата до селата кои се дел од Општина Битола. Според Методи Силјановски , директор на „Нискоградба„  интензивно се чистат и споредните улици и се посолуваат со сол и ризла. Досега се посипени 100 тони сол и 80 кубни метри ризла.

Нискоградба со отворен телефон за итни случаи

Со над 100 тони сол и околу 80 тони ризла, КЈП „Нискоградба“ ги посолуваше улиците во Битола во текот на ноќта и утринава, а улиците и натаму се чистат со механизацијата на ова јавно претпријатие. Улиците од прв и втор приоритет се прооднни и исчистени. Од КЈП „Нискоградба“ апелираат до граѓаните доколку имаат проблеми со одржувањето на улиците од прв и втор приоритет, но  и според потребите за итни случаеви да се јават на телефонскиот број 047221016.

Снежната покривка во Битола до утрово до 7 часот е 24 сантиметри. Утринската температура во Битола се спушти до -6 степени