На адресите на институциите на Република Српска, по повод Денот на Републиката, 9. јануари пристигнаа „честитки“ со морбидна содржина. Имено, на нив има фотографии од куп човечки трупови и коски и натпис: „Ако го одбележување Денот на Република Српска, не заборавајте - ова се нејзините темели“.
На другата страна се наведени 25 главно бошњачки здруженија произлезени од војната, меѓу кои е и коалицијата „1.март“, но и здруженија кои официјално се декларираат дека се залагаат за толеранција, мир, вистина и правда. Меѓу нив е и Форумот на граѓани на Тузла и Фондацијата за вистина, правда и помирување од Тузла.
„Ова не е првпат на ваков начин, пред одбележувањето на 9. јануари да ни пристигнуваат провокација од Федерацијата БиХ“, потврдено е во институциите на Српска.
Бранислав Дукиќ, претседател на логорашите на РС, вели дека не е изненаден од овие провокации: „Секој удар на Денот на РС, кој за нас е светост, уште повеќе ги јакне институциите и го обединува српскиот народ во РС.
Тој додава дека муслиманите мора еднаш засекогаш да сфатат дека БиХ никогаш нема да биде унитарна, за што се бореше Алија Изетбеговиќ, а продолжи неговиот син Бакир Изетбеговиќ.
„Република Српска е силна, меѓународно признаена и гордо го славиме Денот на Републиакта. Имаше во минатото обиди од Федерацијата БиХ да се укине нашиот свет празник, а што беше поддржано и од поединци од меѓународната заедница. Сите напади ги одбивме и Денот на Републиката и натаму се слави и ќе се слави“.