Реакции на новогодишното обраќање на претседателот Иванов
Со ширење невистини и омраза преку своето обраќање пред македонската јавност, Претседателот Иванов продолжува да ги дели македонските граѓани и да го попречува нивниот напредок, регаираат од Владата. Оттаму сметаат дека Иванов може да зборува само за неуспехот на неговиот мандат, бидејќи нашѓата земја е поставена на патеката на успехот.
Иванов не верува во сопствената земја и сопствениот народ, а за да го прикрие тоа конструира измислици дека е жртва на некакви активности против него без никаква основа. Тоа го прави Иванов претседател заглавен во минатото, пасивен, дефокусиран, без јасно изразена европска и евроатланска агенда. Иванов е политичар кој не е посветен на стратешките интереси на државата, се вели во соопштението од Владата.
Претседателот Иванов десет години беше марионета на ВМРО ДПМНЕ и добрата вест е што тој идната година си заминува, велат од владејачката СДСМ. Со сличен став се и од ДУИ, кои сметаат дека е добро што ова е последното обраќање на актуелниот Претседател.
Конзистентен политичар кој се држи до принципите поради кои што ја добил довербата од граѓаните, е ставот на ВМРО ДПМНЕ за говорот на Иванов. Тие го оценија како срамен потегот на УБК по усна наредба да се прислушува претседателот и неговите најблиски.
Од опозициската партија сметаат дека проифаќањето на реферндумот како воља на граѓаните да го зачуваат Уставот, најмногу говори за политичката зрелост на Претседтаелот Ивонов.
-

Бранислав Јаневски
Сите содржини од овој новинар
