Адеми: Вложивме 40 милиони денари за спортската сала на ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“ во Гостивар
Министерот за образование и наука Арбер Адеми учествуваше на пуштањето на новата спортска сала на основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ во Гостивар, која, како што рече, освен за учениците и наставниците од ова училиште, е значајна и за другите млади кои се занимаваат со рекреација и спорт, како и за клубовите, здруженијата и организации.
Салата ги задоволува сите стандарди што ги бараат федерациите и националните и меѓународните организации, за што министерот Адеми изрази уверување дека „од тука ќе произлезат многу нови врвни спортисти и спортски работници, ќе бидат иницирани врвни успеси и достигнувања кои ќе бидат само потврда на исправноста на политиката на државата да вложува што повеќе во спортот и спортската инфраструктура во сите региони и општини во земјата подеднакво”.
Тој информира дека инвестицијата во салата е вредна 40 милиони денари и е дел од проектот “Изградба и опремување на 145 спортски сали во училиштата” финансиран преку Банката за развој на Советот на Европа и буџетот на Министерството за образование и наука.
Преку овој проект, како што информираат од МОН, досега целосно се изградени и опремени 65 спортски објекти, од кои 26 во средни училишта и 39 во основни училишта.
-Само годинава успеавме да ја заокружиме изградбата на пет објекти, додека други девет започнавме да ги градиме, а активностите се во тек и етапно ќе бидат заокружувани, додаде министерот за образование и наука.
Спортската сала на ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“ е со површина од 1.300 квадратни метри и има вградени гардеробери, туш-кабини, простории за сместување на спортските реквизити, како и посебни простории за наставниците по спорт и спортски активност. Опремена е со реквизити за кошарка, ракомет, мал фудбал, одбојка, пинг понг и гимнастика.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено
-
ЦУК: Два пожара на отворено, најавено минирање кај Бањица
-
Најмалку десет загинати во несреќа во Перу, автобус излетал од патот и се превртел
-
Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада
-
Најстудено утрово во Лазарополе
-
Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори
-
Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите на 8 мај
-
Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа за да изврши воен притисок врз Палестинците