МВР со мерки за откривање на лицата што оштетија верски објект во Крива Паланка

СВР Куманово во содејство со Основното јавно обвинителство превзема интензивни мерки и активности за целосно расчистување на настанот и откривање на сторителите кои вчера извршија оштетување на приватна куќа во централното градско подрачје на ул.„Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка.
МВР во денешното соопштение појаснува дека во текот на вчерашниот ден во периодот од 13,30 до 14,30 часот, во Крива Паланка се одржал најавен протест на граѓаните од Крива Паланка поради отворање објект наменет за верски обреди. На протестот присуствувале околу 1.200 граѓани и поминал без нарушување на јавниот ред и мир.
- Истиот ден, околу 18,30 часот, кога во објектот немало никој, од засега непознати сторители било извршено оштетување на истиот. Од страна на увидната екипа од ПС од ОН Крива Паланка веднаш е излезено на местото на настанот и по овластување на Јавниот обвинител извршен е увид, при што е констатирано дека е направено оштетување на осум прозорски стакла и на дел од инвентарот во куќата, стои во соопштението.
Од страна на полициските службеници превземени се сите оперативно тактички мерки при што е извршен преглед на пошироката околина и прибавени се сознанија од извршено анкетирање на околу 40 лица кои живеат и работат во околината на местото на настанот.
Ново на Сител
-

Одлуката на Трамп да ги укине санкциите против Русија предизвика незадоволство кај членовите на Конгресот
-

Венс: Имиграцијата е виновна за насилството за време на протестите во Франција
-

Украинските сили извршија напади со дронови врз Санкт Петербург и Ленинградската област
-

Шведска и Франција на врвот по силувања во Европа, Македонија побезбедна за жените
-

Брвеница избира градоначалник
-

Времето сончево со мала до умерена локална облачност
-

Роналдо инвестираше 10 милиони евра во создавање нов бренд за минерална вода
-

Лекорну за протестите: Франција нема да дозволи да биде заплашена преку насилство
