Само три проценти од фармите ги исполнуваат стандардите за прва категорија
Мал број од фармите со молзни грла ги исполнуваат условите за прва категорија. Ова го покажуваат досегашните резултати од процесот за категоризација на фармите кој го спроведува агенцијата за храна и ветеринарство. Од вкупно регистрираните 4670 фарми, до први декември годинава официјалните ветеринари посетиле повеќе од половина или 2874 евидентирани одгледувалишта. Најголемиот дел од нив се категоризирани во втора категорија.
,, 3% се категоризирани како прва категорија, околу 70% се втора категорија и останатите 26% се трета категорија. Активноста е планирано да заврши до крајот на 2020 година, а целта е да се обезбеди прва класа на хигиена на млеко или тоа е според европските стандарди 100 спрема 400, т.е. 100 000 соматски клетки и 400 000 микроорганизми.,, вели ЗОРАН АТАНАСОВ – ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО
Досегашните контроли на терен утврдиле дека констатираните недоследности може брзо и лесно да се надминат , а фармите од втора да преминат во прва категорија.
,, Оние 70% кои што се втора категоризација им недостасува многу малку за да прејдат во прва категорија. Да речеме хигиена на гумичките на молзните апарати, средствата што се употребуваат несоодветни, не одмастуваат и така банални причини кои што придонесуваат хигиената да биде пониска.,, вели АТАНАСОВ
Одгледувалиштата чие млеко заклучно со 2020 година нема да ги исполни соодветните критериуми и барања за квалитет, млекото ќе може да го преработуваат во тврди преработки.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар